Вацлав Клаус (чешки: Václav Klaus; 19 јуни 1941, Праг) е чешки политичар.
Клаус бил поранешен претседател на Чехија, а исто така бил и премиер во период 1992-1997 година. Тој е еден од основачите на Граѓанската демократска партија (Чешка).
Дипломирал на Економскиот факултет во Прага 1962 година, а одредено време поминал на универзитети во Италија и САД.
После Кадифената револуција, како член на Граѓанскиот форум, станал министер на финансии. Во април основа десно ориентирана Граѓанска демократски партија (ГДП) и нејзин водач останал до 2002 година. Сега е почесен претседател.
После повеќепартиските избори 1992 ГДП станала најјака чешка партија, а Клаус станал претседател на Владата. И после изборите 1996 останал на тоа место. Премиер останува до наредните парламентарни избори 1998.
Како партијата изгубила на парламентарните избори 1998 и 2002, Вацлав Клаус одлучуил да се кандидира за претседател и чешкиот парламент го избира на тоа место. По вторпат избран за истата позиција на почетокот на 2008 година.
„Вацлав Клаус“ на Ризницата ? |
|